Скопје со најголемо учество во БДП

Bez autora
Jun 15 2010

Најголемо учество во домашниот бруто-производ на земјава во 2008 година има Скопскиот регион со 45,6 проценти, а најмало североисточниот регион со 5,2 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Поголем домашен бруто-производ на жител, во споредба со просекот на Република Македонија, имаат единствено Скопскиот регион и тоа за 56,4 отсто и Пелагонискиот регион за 3,9 проценти. Сите други региони имаат домашен бруто-производ под државниот просек. Најмал домашен бруто-производ на жител, во однос на националниот просек, има Полошкиот регион, кој достигнува 52,6 отсто од просекот. При користењето на податоците треба да се има предвид дека податоците за БДП на жител во одделни региони во голема мера се под влијание на дневната миграција на работната сила. Таа придонесува во даден регион да се создаде домашен бруто-производ кој не е резултат на резидентното население.

Скопје со најголемо учество во БДПНајголемо учество во домашниот бруто-производ на земјава во 2008 година има Скопскиот регион со 45,6 проценти, а најмало североисточниот регион со 5,2 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Поголем домашен бруто-производ на жител, во споредба со просекот на Република Македонија, имаат единствено Скопскиот регион и тоа за 56,4 отсто и Пелагонискиот регион за 3,9 проценти. Сите други региони имаат домашен бруто-производ под државниот просек. Најмал домашен бруто-производ на жител, во однос на националниот просек, има Полошкиот регион, кој достигнува 52,6 отсто од просекот.

При користењето на податоците треба да се има предвид дека податоците за БДП на жител во одделни региони во голема мера се под влијание на дневната миграција на работната сила. Таа придонесува во даден регион да се создаде домашен бруто-производ кој не е резултат на резидентното население.

Од тие причини податоците за БДП на жител може да бидат преценети во регионот каде што тој се создава (Скопскиот регион), односно потценети во регионот од каде што се одлева работната сила. Податоците не ја прикажуваат развиеноста на регионите од аспект на приходите на населението.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik